Watch Video

С Л Е М Е П Р О Е К Т

Професионализмот не е етикета што си ја даваш себе си - тоа е комплимент од задоволни клиенти

ПРОЕКТИРАЊЕ П.047/А

Изработка на техничка документација за објекти од Прва и Втора категорија. Архитектура, Градежно-Конструктивни проекти, Хидротехника, Електротехника и ППЗ Елаборати.

РЕВИЗИЈА Р.022/А

Ревизија на сите видови на Основни Проекти за Прва и Втора категорија Архитектонско-градежни проекти,Нискоградба, Хидротехнички проекти, Електротехника.

НАДЗОР Н.0115/А

Надзор над изградба на објекти од Прва и Втора категорија. Високоградба, Нискоградба,Хидротехника,Електротехника.

Потенцијални клиенти

Побарај понуда

Добродојдовте

Нашите почетоци 1998

СЛЕМЕПРОЕКТ ДОО - ШТИП е компанија од искусни професионалци кои нудат сеопфатни услуги во области од: Архитектура, Градежништво (конструкции, нискоградба и хидротехника), Електротехника, Противпожарна заштита и менаџирање на проекти за индивидуални, комерцијални и институционални клиенти во Македонија. СлемеПроект доо исто така нуди инженерски услуги за други професионалци и компании на кои им е потребна нашата експертиза

Фирмата одржува разновидна практика. Има огромно искуство во станбени, комерцијални и индустриски објекти. Има долгогодишно искуство со проектирање на Православни објекти, со уникатен архитектонски и конструкциски пристап кој е главен белег на компанијата.

Акцентот е ставен на професионална услуга за нашите клиенти. Проектите се реализираат со дисциплина и квалитетен пристап кон потребите на клиентите.Акцентот е ставен на обезбедување на потребните и соодветни услуги, утврдени според потребите на секој поединечен проект.

Фирмата е намерно ограничена во големина за одржување на највисок степен на инпут и надзор над работата за сите проекти од страна на нејзините главни проектанти и соработници. Нашата компанија е високо компјутеризирана во сите аспекти на практиката. Одржуваме детален систем за следење за сите проекти што овозможува висок степен на контрола.

Благој Здравев, дипл.инж.арх. ја основа компанијата во 1998 година, после 20 годишно искуство и пракса во Мегапроект - Штип. Како архитект во Мегапроект, има искуство со големи и значајни објекти во областа на Архитектурата како и наградени конкурсни решенија. Неговата улога во проектирањето и управувањето со проекти му овозможува да донесе висок степен на стручност во нашата компанија.

0 Години Искуство
0 Реализирани Проекти
0 Ревизија на проекти
0 Надзор над изградба
ПОСЛЕДНИ ПРОЕКТИ

Проектирање и Инженеринг

Со својата долгогодишна пракса СлемеПроект нуди професионални Архитектонски и Конструктивни решениеја, проектирање на Хидротехнички објекти, Нискоградбата, Електротехника,ППЗ заштита.

ТИМОТ НА СЛЕМЕПРОЕКТ

Зад тие поминати часови во потрага по Совршен Дизајн

Кога амбициите ќе ги надминат очекувањата достигнувањето се вика успех

Оснoвач

Благој Здравев, д.и.а.

Основач на СлемеПроект, Главен Архитект за проектирање, ревизија, надзор. А1.0118

Управител

Славче Здравев, д.г.и.

Управител и Главен Инженер за конструкции, ревизија,надзор над изградба и инженер за изведба А2.1500 / Проектирање и надзор ППЗ Б9.0117

Конструкции

Вероника Младенова д.г.и.

Главен Инженер за проектирање, ревизија и надзор над изградба. Б2.2399

Конструкции/Нискоградба

Срѓан Николовски д.г.и.

Главен Инженер за надзор над градби од I/II категорија. А2.1741

Архитектура

Катерина Каева, д.и.а.

Главен архитект инженер за проектирање,ревизија на техничка документација и надзор над изградба. Б1.2645

Конструкции

Ели Стаменкова д.г.и.

Помлад градежен инженер проектант

УСЛУГИ

ПРОЕКТИРАЊЕ, РЕВИЗИЈА И НАДЗОР НАД ИЗГРАДБА

КОНТАКТ